Поради султанот преминала во ислам, а потоа тој ја оставил преку интернет, поради скандалозна снимка од базен
Гламурозната руска мисица, чиј брак со поранешниот крал на Малезија се распаднал кога била во четвртиот месец од бременоста, дознала дека сопругот се разведува од неа преку интернет.
Оксана Војеводина вели дека не се ни видела, ниту разговарала со својот поранешен сопруг Мухамед Петти, откако ја оставил во декември.
Бидејќи сега многумина се сомневаат дека малиот Леон е негово дете, таа е подготвена да направи ДНК тест.
Поранешната мис Москва апелирала директно до својот отуѓен сопруг да почне да му биде татко на Леон.
"Имате син и татко сте. И без разлика на тоа што се случи со нашиот брак, сакам мојот син да има два родитела. Само размислете за својот син", му порачала таа.
Оскана се омажила за 49-годишниот султан на тајна исламска церемонија во малезиската држава Келантан на 7-ми јуни минатата година. Нивната летна венчавка била проследена со блескав прием во Москва, а по неколку недели бракот се распаднал.
"Кога замина во декември, повеќе не се врати. Така дознав за разводот преку интернет. Не знам што точно се случи бидејќи се беше во ред, го очекувавме нашето прво бебе, а дури и сега не ја знам вистинската причина зошто тоа го направи", објаснила Оскана.
Во Малезија нивниот брак не бил добро прифатен, иако Оксана преминала во ислам. Кога руските медиуми објавиле дека Оксана пет години пред средбата со Фарис учествувала во реално шоу, состојбата дополнително се влошила, посебно кога се појавила снимка на која таа со друг маж била интимна во базен.
Во јануари оваа година султанот абдицирал од престолот како 15-ти крал на земјата, станувајќи прв монарх во историјата на нацијата кој го направил тоа. Но, Оскана негирала дека таа била причината за неговата мистериозна абдукција.
Засега Оскана живее во изнајмен стан во Москва и вози скап автомобил, свадбен подарок од султанот, додека "работи на тоа да се издржува себеси и бебето".
Вели дека сака да основа свој ЈуТјуб канал на кој ќе зборува за родителството.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа