ФОТО: Димитров славеше роденден - „Важни се годините, но важен е и духот“
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска на Фејсбук им се заблагодари на своите пријатели за роденденските честитки.
„Фала ви знајни и незнајни добри луѓе на честитките, срдечноста и убавите желби! Од мене и од син ми Калин, за кого имав среќа да се роди на мојот роденден: да сте живи, здрави, среќни и исполнети, со љубов, верба и надеж, и со сите ѕвезди ортаци! Важни се годините, но важен е и духот, како што впрочем вели сликава. Инаку, далеку сум уште од 50-ка да сме на чисто“, напиша Димитров.
30.09.2019 - 13:06
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа