На Елена Ристеска раните уште и крварат: Оваа болка времето не ја лечи
Македонската пејачка на својот „Фејсбук“ профил сподели емотивна порака која ја посвети на татко и кој и недостига. Елена Ристеска на социјалните мрежи сподели спомен односно статус од пред 3 години кој го посветила на својот татко, а во описот на статусот ја напиша следната посвета:
- „Од овој пост поминаа 3години, сеуште не го употребувам зборот “беше”, а тагата е секој ден се’ поголема. Оваа болка времето не ја лечи , ниту мислам дека некогаш ќе помине и избледи. Кнедлата во грло тогаш почна да се всадува, сега веќе е фиксна и не се искоренува. А во стомакот празнина и чувство на глад. Глад за татковска љубов. Мразам што се сеќавам на моментите кога ќе го изнервирав како и секое дете, и ми викаше: ќе ти фалам еден ден. Дојдоа и тие денови, ужасно ни недостигаш!“ напиша Ристеска на својот Фејсбук.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа