Била убедена дека ќе закрепне - откриено што правела фолк-пејачката дента пред смртта на нејзиниот сопруг
Смаил Синановиќ Магија, сопруг на познатата фолк-пејачка Елма Синановиќ, почина денеска по долгата борба со тешката болест.
Елма положувала голема надеж во неговото лечење и закрепнувње, а не ни замислувала животот на нејзиниот долгогодишен партнер ќе згасне денеска.
Елма синоќа имала настап, била добро расположена, а ништо не претскажувало дека денеска ќе почине нејзиниот сопруг, пишуваат српските медиуми/Нејзините пријатели велат дека таа се надевала дека тој ќе се излечи и дека се ќе биде како порано.
Тоа беше љубов која еднаш во животот се случува и сите кои ја познаваат знаат дека тие имаа нешто посебно, велат нејзините пријатели.
Инаку, сопругот на Елма бил успешен новопазарски бизнисмен. Тој и Елма биле сопственици на ресторани, но повеќе различни трговски локали во Нови Пазар. Тој е еден од најзаслужните за нејзината успешна кариера, а ѝ бил и менаџер. Сакал да пее, а позната е неговата песна со Елма „Nista mi ne treba“. Во последните одини се повлекол од јавноста и живеел мирен живот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа