ФОТО: Турчин брутално ја претепа манекенката Тања, а сега дојде во нејзината земја - запросил нова девојка од Србија
Тања Ѓукиќ стравува за семејството од насилното момче, додека тој тврди дека ја запросил девојката во Нови Сад.
Манекенката Тања Ѓукиќ, која во јуни оваа година ѕверски беше претепана од поранешното момче, Турчниот Чагри Тортоп, повторно е во страв. Само што успеа да ги победи стравовите кои во неа останале онаа ноќе кога била претепана и продолжила со кериерата, нејзиното момче Чагри одлучило да дојде во Србија, од каде објавува фотографии.
-Дошол во Србија, објавува фотографии и докажува дека никој не му може ништо. Во нашата земја доаѓаше само неколку пати со мене, ништо друго не го врзуваше за Србија. Стравувам за семејството. Тој знае каде живеат, им се заканувал и на нив. Во шок сум, тој е психопат и само тој знае што е во неговата болна глава - рекла Тања, која се надева дека ваквиот негов потег е само провокација.
Меѓутоа, таа вели дека за секој случај го предупредила семејството, особено сестра ѝ, за се што се случува.
-Преку пријателите ми испрати порака дека ќе се жали што правам шоу во неговата држава. А, јас на ништо не му пркосам, живеам нормално, работам не провоцирам. Јас живеам во Турција седум години, а него го запознав пред 3, така што мојот престој овде нема врска со него. Ѝ се јавив на сестра ми да не оди на училиште и да не излегува, не дај Боже преку неа да ми се одмазди. Може планира некој и мене да ми испрати додека тој е во Србија, па да изгледа дека нема врска со тоа - рекла Тања.
-Човекот е сериозно болен и многу интелигентен, така што се плашам од се што смислил - вели манекенката.
Тој на својот Инстаграм профил објави фотографија од Нови Сад со рака на девојка на која има прстен, а во опис пишува „Да, те сакам“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа