Погребан сопругот на Елма: Пејачката и нејзината ќерка не присуствувале на погребот

 

Смаил Синановиќ Маги, сопругот на Елма Синановиќ е погребан вчера на Големите гробишта во Нови Пазар, пред 17 часот. Пејачката и нејзината ќерка Хулија не присуствувале на последното испраќање, затоа што според муслиманските обичаи, на погребот може да присуствуваат само мажи. Од таа причина ниедна жена не се појавила на погребот.

Новопазарскиот бизнисмен Смаил Синановиќ Маги почина после долга и тешка болест. На него пред смртта му била извршена трансплантација на бубрегот, меѓутоа иако голема надеж била положена во неговото закрепнување, тоа не се случило.

Хулија од својот татко се збогувала преку социјалните мрежи.

Инаку Елма и Смаил биле сопственици на ресторани, но и на повеќе различни трговски локали во Нови Пазар. Тој е еден од најзаслужните за нејзината успешна кариера, а ѝ бил и менаџер. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.10.2019 - 08:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега