Најубавата манекенка пати од болест која мачи многу девојки - „Ми се промени телото и животот"
Супермоделот Џиџи Хадид која важи за една од најубавите девојки во светот, пати од болест од која патат и многу други жени - штитната жлезда.
- Метаболизмот драстично ми се промени. Боледувам од заболување на штитната жлезда кое го напаша имуносистемот. Сите кои се прашуваат зошто сум толку слаба, тоа е зошто на 17. години кога почнав со ревии, болеста не ми беше откриена, вели Џиџи.
Таа вели дека не сака да биде толку слаба, а за некои е преслаба, но болеста го прави тоа од неа.
- Нема веќе да се објаснувам за својот изглед, не ме интересира ако не сум според стандардите на вашата убавина, вели таа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа