Најголема цел и беше да личи на Анџелина Џоли, се прослави, па сега заврши зад решетки

 

Сахар Табар, инстаграм ѕвезда позната по тоа дека го смени личниот опис за да личи на Анџелина Џоли е уапсена.

Таа се најде зад решетки поради богохулење и поттикнување насилство.

Таа стана позната мнатата година, откако светските медиуми објавија нејзини фотографии. Се наведува дека имала 50 пластични операции, но повеќето нејзини фотографии биле со фотошоп.

Привлече глобално внимание и со видео записи во кои потсетува на „зомби“ верзија на Анџелина Џоли.

Саудиските власти ја уапсиле откако јавноста се жалела од неа. Обвинета е за богохулење, потикнување насилство, незаконско стекнување на имот и поттикнување на младите на корупција, пренесуваа локални медиуми.

Незјиниот инстаграм е одтогаш избришан.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.10.2019 - 12:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега