ФОТО: Секси баба има тело како 20-годишна атлетичарка
Не постојат многу баби кои би можеле да се пофалат со изглед и фигура каква што има Алехандра Лабастида Шапиро. Речиси никој никогаш не ги погодил нејзините години, а најчесто мислат дека е врсничка со својата 32-годишна ќерка.
И тоа не е сè – оваа мајка на три деца и баба на четири внучиња без конкуренција ја носи титулата “најсекси баба на социјалните мрежи”.
55-годишната Алехандра живее во Чикаго и од 2000 година работи како инструкторка по пилатес. Фигурата за која можат да сонуваат многу 20-годишни девојки ја должи на здравата исхрана, изобилството од свежи и сирови намирници, но и редовната физичка активност.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа