Седум години преживувала пекол: Жена од Британија до 11 години ја силувале над 500 мажи

 

Жена која полицијата во Велика Бритаија безброј пати ја апсела за проституција, проговори за се и раскажа што поминала во период од тие 7 години.

„Џенифер“ како што ја нарекоа медиумите денес има околу 40 години, а во минатато е повеќе пати апсена поради проституција. До 19 години е осудена дури 52 пати.

Таа открила дека била жртва на позата мафија во Телфорд, која се најде во средина на најголемиот скандал на злоставување на деца во британската историја, а според медиумите, повеќе од 500 мажи ја силувале до нејзината 11 година.

Зенифер имала 11 години кога прв пат ја силувале, постаро момче кое било роднина на момчето со кое се забавувала, а потоа ја препуштил на своте пријатели кои групно ја силувале, раскажала таа за „Сандеј мирор“.

Таа била една од многуте девојчиња кои бандата ги дрогирала, тепала и силувала за време на 80-те. Џенифер вели дека секоја вечер ја силувале по десетина мажи.

„Мислев дека само смрт може да ми помогне, бев во полиција но и таму не сакаа да мипомогнат. Животот ми беше пекол, се чувствував напуштено“ раскажала таа.

Кога имала 14 години се вратила во училиште, но и рекле дека пропуштила премноги за да може да учи повторно, по што никој не се позанимавл со причините за нејзиното заоставување, па злоставувањето продолжило. Постар маж ја носел по Бристанија и ја нудел на мажи.

„Ме заклучуваа во стан со решетки на прозорите, слушнав дека полицијата знаела дека сум киндапирана, но не превземала ништо“ раскажала Џенифер за медиумите.

На крајот е уапсен мажот кој ја држел во заробеништво, но набрзо е пуштен, па се вратил во нејзиниот стан и се заканувал со оружје.

Од судските постапки против него наводно се откажале бидејќи полицијата не можела да ги идентификува силувачите, а засега полицијата одлучила да ги испита сите докази кои ги има и да го „размота клопчето“.

„Ги повикуваме сите кои знаат нешто за тоа злоставување да се јават во Независната комисија за истрага за секусално злоставување во Телфорд“ соопштиле оттаму.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.10.2019 - 11:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега