Столар сам извадил шајка од градите која сам си ја „испукал“ во срце- „Мислев дека ќе умрам“
Ејрон од Тексас е искусен столар кој работи повеќе од 20 години.
Сепак пред месец дена се случила несреќа која ќе ја памети цел живот. Додека работел со пиштол за шајки, се затнало цревото за компресија, па откако го наместил, случајно притиснал и си забил шајка во градите.
Шајката била долга 7,5 сантиметри, а Ејрон ја извадил со прсти.
„Се заби во моите гради комплетно. Со ноктите ја извлеков некако, мислев дека ќе умрам. Тогаш паднав во несвест“ раскажал тој.
Шајката дошла до срцето, па во таква ситуација ако се извади може да се искрвари со смрт, но Ејрон не размислувал, па само ја извадил од себе.
Додека лежел на подот без звест, неговиот вработен повикал брза помош.
„ Мојот шеф си пукаше во срце со пиштол за шајки. Превртени му се очите- рекол тој.
По тоа се јавил на сопругата на Ејрон, а наското пристигнала и брзата помош па тој бил пренесен во болница.
Ејрон бил веднаш опериран, а лекарите биле шокирани од целата глетка.
-Се гледаше дека не му е добро. Изненадната одлука да ја извади шајката од гради, веројатно му го спасила животот„ рекол лекарот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа