Теодора стравува за својот живот - драма во домот на српската пејачка, се пријавила во полиција
Српската пејачка Теодора Џехверовиќ се соочува со сериозни проблеми и морала да побара помош од полицијата, затоа што, како што рекла, психопат веќе една година ја малтретира неа и нејзиното семејство.
„Веќе повеќе од година ме прогнува на социјалните мрежи. Време е на тоа да дојде крај. Не е лесно, особено кога сме во реално шоу и тие луѓе се соживуваат со бас и себеси си даваат за право премногу. Драго ми е што му се допаднав на народот, но криво ми е што ми се закачија некои личности кои се вклучија во мојот живот, навредувајќи го моето семејство. Сигурна сум дека таа личност ме следела мене и моите и си реков себеси дека е доволно.Ова навистина мора да се заврши“, рекла Теодора која е загрижена за својата безбедност и се пријавила во полиција.
„Во некои моменти ми паѓаше на памет дека таа личност негде не следи, дека е тука негде затоа што е нелогично да знае некои работи кои ги знаат само блиските, дури ни тие, а таа личност ги знае. Се исплашив затоа што живеам сама, а најмногу сум исплашена за семејството затоа што знам на што се тие луѓе подготвени затоа што ете таа личност не се откажува веќе цела година“, рекла пејачката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа