Денеска е Преподобен Киријак Отшелник - постои едно верување до кое треба да се придржуваат луѓето
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 29 септември.
Денеска е Преподобен Киријак Отшелник.
Свети Киријак беше родум од Коринт. Татко му Јован таму беше свештеник, а и месниот епископ Петар му беше роднина. Уште во раната младост епископот го постави за отец во соборната црква, па тој секојдневно во својата уста ја чувствуваше сладоста на божествените зборови. Кога наполни 18 години отиде во Ерусалим и стапи во манастирот на некој Евсторгиј. Потоа отиде кај свети Евтимиј, кој го облече во шима и го прати на Јордан, кај свети Герасим. Таму остана девет години, а по смртта на свети Герасим, се врати во манастирот на свети Евтимиј. Потоа одеше од место на место, бегајќи од човечката слава. Се претстави пред Бога во длабока старост, кога имаше 109 години, во 557 година по Христа.
Според народните верувања, луѓето на овој ден не треба да работат низ дома, да чистат или слично. Ова верување се врежало кај луѓето поради тоа што треба да се завршат сите работи надвор, кои нема да можам да ја дочекаат зимата и студот.
Се верува дека луѓето родени на овој празник се исклучитено надарени и дека им е предоредена голема среќа во животот.
Постои и верување дека доколку на почетокот на октомври е убаво времето, зимата ќе биде студена.
Исто така се верува дека на денешниот празник не треба да се венчава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа