Нутриционистка открива дали ајвараот и зимницата се здрави - колку ајвар смеете да изедете

 

Дали кога го подготвувате зеленчукот за зимница се прашувате кои се предностите на закиселената зелка, пиперките, доматите и другите намирници во однос на свежите? Или колку ајвар смеете да изедете во еден оброк, а да не претерате, затоа што сите знаеме колку е тешко да се одолее на зимницата? Колку калории има ајварот и дали е зимницата здрава одговори српската нутриционисткат Бранка Мирковиќ.

Лут или благ, само од печените пиперки или со додаток на домати, често се случува ајварот брзо да се изеде, затоа што е одличен прило во скоро секое јадење. 

-Ајварот скоро и нема калории, така што со негоо не може да претерате. Тој нема многу нутритивни вредности, затоа што се прави од печени пиперки, кои потоа се пржат, па во ој процес пиперката ја губи сета своја вредност. Сепак, ајварот е одличен извор на влакна и е вистинска закусна со месо и разни други јадења, па и само со сирење, вели нутриционистката. Таа додава дека доколлку не го правите сами, секогаш е подобро да купите индустриски затоа што тој е контролиран, за разлика од оној кој се продава на пазар, а во кој не може да знаете колку конзерванси се ставени.

Нутриционистаката додава дека зеленчукот кој се користи за зимнива термички се обработува, што доведува до губење на некои витамини, како што се Ц, Б и А, но и останати минерали, влакна и фитонутриенти кои се од голема важност за организмот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.10.2019 - 20:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега