За неколку дена ќе се венчаат после 14 години врска - избраничката на Надал објаснила зошто постојано се кријат

 

Една од најочекуваните свадби годинава ќе се одржи на 19. декември на Мајорка, а во брак после 14 години врска ќе запловат Рафаел Надал и неговата избраничка Марија Франсиска Перељо, во јавноста позната под надимкаот Чиска.

Деталите за свадбата не се познати - парот добро и крие, како и врската, но се знае дека ќе има 500 гости, односно дека ќе биде присутен „кремот“ на светскиот тенис.

Познато е дека никој од гостите не смее да користи мобилен телефон, а дури и сите вработени на самата церемонија потпишале договори за доверливост. Исто ака, семејството и пријателите на парот ќе бидат сместени по локалните хотели, а на локацијата ќе стигнат со автобуси.

Ćiska je uvek diskretna i nenametljiva

За потребите на биографијата на Надал, таа објаснила зошто врската ја чуваат во тајност.

„Потребен му е простор кога се натпреварува, а самата идеја да го чекам да заврши цел ден и да шетам наоколу ме заморува. Тоа би ме гушело. Тој ќе мора да се грижи за мене...Едноставно не. Ако го следам сегде, мислам дека постои ризик дека ќе престанеме да се согласуваме“, рекла таа.

Nadal i Ćiska

Инаку оваа млада Шпанка е две години помлада од Надал, а дипломирала на студиите за менаџмент и осигурнување. Своевремено работела во една осигурителна компанија, а денес му е бизнис партнер на својот вереник - работи како директор на неговата хуманитарна организација.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.10.2019 - 12:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега