ФОТО: Медицинската сестра која плаче после 53 часа непрестано работење стана вирален хит - потресна приказна се крие зад фотографијата

 

Вредна медицинска сестра стана вирален хит откако нејзината сестра близначка сподели фотографија од неа додека плаче после посебно тешка смена.

Лаура Мекинтајр ја објавила фотографијата од својата сестра, медицинската сестра Кети ДиБари.

Жената рекла дека сестра ѝ ќе ја убие поради објавувањето на фотографијата, но дека сакала да му ја покаже на светот екстремната посветеност на медицинските сестри.

Лаура, која е мајка на едно дете, објаснила дека кога е снимена фотографијата, нејзината сестра Кети ја завршила својата четврта смена во низата.

-Тпа се околу 53 работни часа за 4 дена. Тоа не го вклучува 1,5 часа дневно поминување во автомобил. Обично не добива можност да изеде ручек или да пие многу вода. Таа е толку доба во она што го работи, што често заборава да се грижи за себе додека води сметка за своите пациенти - пишува во описот на фотографијата.

На фотографијата која е споделена повеќе од 87.000 пати, Кати е во униформа и плаче затоа што конечно седнала на пауза да јаде нешто во домот на Лаура.

-Оваа фотографија е од јули, ноќта кога дојде во мојот дом после напорниот ден. Породила мртвородено дете. Дали некогаш сте се запрашале за тоа што се гледаат медицинските сестри? Они гледаат голема радост во нормалното породување на здравите мајки и бебиња. Тие гледаат паника и анксиозност кога новата мајка ќе се исплаши. Тие гледаат тинејџерки кои се породуваат. Гледаат мајки наркоманки кои раѓаат дете за време на криза. Гледаат дека доаѓаат возилата од погребално. Дали сте знаеле дека медицинските сестри мораат да организираат погребални друштва да дојдат по бебињата? Не знаев ни јас - напишала Лаура.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.10.2019 - 08:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега