„Не бевме заедно 5 месеци“ - Емина откри детали за приватниот живот

 

Пејачката Емина Јаховиќ обично не ги коментира натписите во весниците, за неодамнешното раскинување со Садетин Саран, а потоа и смирувањето. Сепак, потврдила дека сите гласини кои ја следеле нејзината емотивна врска со турскиот милионер биле точни.

-Постоеше прекин кој траеше 5 месеци, но после тоа ѕвездите повторно не споија - рече Емина.

Освен тоа, таа проговорила и за односот со поранешниот сопгур, турскиот пејач Мустафа Сандал, а до тоа дошло откако ѝ било поставено прашањето за тоа како се снаоѓа како „самохрана мајка“.

-Не можам да се сложам со изразот „самохрана“ затоа што поранешниот сопруг ми е голема поддршка во воспитувањето на децата. Имав среќа да изберам добар татко за своите деца, а во Мустафа да имам пријател - рекла Емина.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.10.2019 - 11:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега