ФОТО: Ослабела 50 килограми за рекордно време, а не вежбала - открила и како се храни

 

Повеќето луѓе сонуваат за тоа да го истопат вишокот килограми, а притоа физички да не се активираат, но за жал ова во пракса е тешко остварливо. Но, не е и невозможно, а доказ за тоа е младата Кејси Торп која изгубила неверојатни 50 килограми, а не вежбала.

Оваа Австралијка пред 18 месеци знаела дека нешто мора да промени - вагата покажувала неверојатни 134 килограми. Секое утро започнувала с табла чоколада, а потоа продолжувала да внесува големи количини благо, сладолед и масни оброци.

Во февруари 2018 година решил да каже крај на дотогашните навики.

Денес може да се пофали со фактот дека ослабела 50 килограми, односно дека носи 6 броја помал конфекциски број.

„Се чувствувам прекрасно затоа што можам да носам фустани. Го обновив целиот гардеробер. Беше тешко, но клучот за доследноста е во тоа да не се откажувате. Постојано размислував на крајната цел. Мислам дека никогаш нема да се вратам на она што бев“, рекла Кејси.

Kakva transformacija

Таа успеала да ослабе со специјална програма за слабеење, кој вклучува периоди на детокс и топење на мастите.

Нејзината исхрана подразбира внесување протеини и мал број јаглени хидрати, а на трпезата е задолжителна природната и свежа храна.

Пример:

Појадок: Мандарини

: Ужива: 100 грама јагоди

Ручек: 100 грама бифтек и брокули

Ужина: лубеница

Вечера: 100 грама пилешко и спанаќ

 
 
 
View this post on Instagram

55kgs gone

A post shared by Cassie Thorpe (@cassie_thorpe) on Sep 24, 2019 at 7:20pm PDT

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.10.2019 - 08:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега