ФОТО: „На Вељко ќе му ја оставиме куќата“ - родителите на снаата на Цеца ги отворија вратите од својот дом
Родителите на вереницата на Вељко Ражнатовиќ се среќни што нивната ќерка е бремена и веќе почнале да се подготвуваат за свадба, која е закажана за 24. ноември.
Родителите на Богдана се пресреќни поради убавите вести.
-Вељко во вторникот ми ги соопшти убавите вести. Прво бевме шокирани, а воедно и пресреќни. Не се надевавме на принова, затоа што за тоа не се разговараше ниту се вршеше притисок. Децата живеат заедно веќе една година во Белград и убаво им е. Мислевме дека уште ќе уживаат во љубовта и патувањата - вели гордиот дедо. Мајката на Богдана рекла дека откако ја дознала веста веднаш ѝ се јавила на Цеца.
-Беше пресреќна, а вечерта ние овде, тие таму, собравме пријатели да прославиме. Не е важно дали е момче или девојче, важно да е здраво и живо. Тоа е нашето правило - рекла Данијела.
Иако парот планирал свадба следната година, затоа што за седум месеци ќе станат родители планирањето забрзало.
-Венчавката ќе биде кон крајот на ноември. Во село сите не прашуваат кога ќе биде свадбата. Кога им велев дека не знам, сите се чудеа. Децата живеат заедно и убаво им е. После свадбата ќе живеат во Белград, затоа што не сакаат Цеца да ја остават сама. Овде исто така може да живеат, може да се каже дека куќата ќе му ја дадеме на Вељко во мираз, но тие се определија за поголем град. Нивната одлука е наша заповед - рекол таткото на Богдана и истакнал дека има зет за пример.
-Вељко е момче на место, има добра душа. Нас не не интересира што се пишува за него. Нормално дека момче како него ќе излегува и ќе менува девојки. Меѓутоа, сега е поинаков. Посветен е на Богдана и спортот. Ја третира како кралица, а нас како родители тоа ни е најважно. Тој го сака нашето село и редовно доаѓа - рекол таткото на Богдана.
Неговата сопруга за Курир.рс рекла дека со Цеца се во одлични односи, но дека немаат време често да се гледаат.
-Цеца има концерти, а ние сме на работа. Немаме време како некогаш, поминаа тие времиња кога се седеше и се дружеше на кафиња. Ние редовно се слушаме. Сега сме уште поповрзани, ќе имаме принова, па секако почесто ќе се гледаме. Сега сме семејство - рекла мајката на Богдана.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа