ВИДЕО: Би можело да остане без рака - никогаш не одел во теретана, а мускулите ги зголемил со вештачка супстанца
Кирил Терешин е наиглед обичен бодибилдер од Русија кој се одлучил да се испроба во ММА рингот.
Терешин е некој кој би сакал да биде мускулест билдер, но теретаната му е непозната околина.
На руските социјални мрежи се прошириле фотографии од неговите непропорционално набилдани бицепси, кои шокирале, но и насмеале многумина.
Наместо рацете да ги зајакне со кревање тегови, тој се одлул на друга алтернатива - вбризгување на синтол, мешавина која се состои од 85 отсто масло, 7,5 отсто лидокаин и 7,5 отсто алкохол.
Станува збор за супстанца која се популаризирала првенствено во земјите во Јужна Америка, каде билдерите почнале да ја користат во неумерени количини без комбинација со вежбање. Некогаш ја користеле и вистинските билдери за да истакнат мускули на кои напорно работеле.
Меѓутоа,во облик во кој ја користи младиот Русин, синтолот може да биде исклучително опасен, а докторите предупредуваат дека предизвикува оштетување на нервите, мускулите, бројни инфекции, а забележани се неколку ампутации на екстремитети кои биле потребни поради компликации.
Многумина го предупредиле дека стероидите ќе го нарушат неговото здравје и дека не е природно мускулите толку да му пораснат за десет дена, но он се согласил. Дури избрал и име за ММА сцената, го нарекуваат Базука.
-Одев во теретана две години пред да ме повикаат во војска. Бев слаб и сакав малку да зајакнам затоа што се плашев дека во војска ќе се шегуваат со мене. Затоа земав синтол - рекол Кирил и додал:
-Кога го завршив воениот рок се вратив дома и продолжив со својата трансформација, Мајка ми се грижеше, ме предомислуваше, но сега се е во ред, затоа што ѝ објаснив дека синтолот може да испари - рекол Кирил.
Освен синтол користи и силиконски додатоци.
-Ги вградив во листовите, сега изгледаат како две ракети - рекол Русинот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа