„Знаев дека нема да биде лесно, но мислев дека ќе биде фер“ - Меган искрено за животот после свадбата со Хари
Новите интервјуа од Меган Меркал и принцот Хари се објавени. Кренаа голема прашина!
Не станува збор за обинчно интервју на војвотката и војводата од Сасекс. Во нив тие изнесуваат, а посебно Меган, работи за кои никогаш не зборувале.
Но, како и секогаш кога се тие двајца во прашање, нивните зборови се оценети како обид да ја вратат наклонетоста на Британците, но и безуспешен обид и секако „нивен начин да привлечат внимание“.
Поради интервјуто со Меган Маркл на Дејли Меил пристигнале многу негативни коментари. А, во коментарите ја советуваат Меган да научи повеќе за кралското семејство и култура, и дека ѝ е лесно да успее кога има можност за тоа.
Едноставно не ја сакаат, иако има објективност во реакциите за ставот на војвотката и војводата.
Хари рекол дека односот на медиумите кон неговата сопруга е сличен како оној кон неговата мајка
Точно е дека папараците немале мера кога Лејди Ди била во прашање, но постои суштинска разлика. Британците ја обожавале Дајана, а Меган дефинитивно не.
Во едночасовното интервју за документарецот „Harry & Meghan: An African Journey", снимено за време на нивната посета во африканскиот континент, војвотката нагласила дека не се надевала со какви борби ќе се соочи после свадбата за Хари.
Открила дека пријателите ја предупредувале.
-Тешко е. Мислам дека никој не може да разбере. Бев бестрашна и не знаев што ме чека, што е сигурно тешко да се разбере, но кога првпат го запознав Хари, моите пријатели беа многу возбудени, моите пријатели од Америка беа среќни затоа што јас бев среќна. Но, моите пријатели од Британија, тие сметаа дека е прекрасен, но ми рекоа да не се мажам за него затоа што британските таблоиди ќе ми го уништат животот. Затоа што сум Американка, наивно верував дека тоа нема да се случи. Комплицирано е.
Никогаш не сметав дека ќе биде лесно, но мислев дека ќе биде фер и тоа е нешто со што е тешко да се помири човек“, рекла Меган.
-Му реков неодамна на Х, така го нарекувам, дека не е доволно да се преживее нешто. Тоа не е целта на животот. Мораш да успееш и да бидеш среќен - порачала Меган.
Нагласила дека се обидувала да научи британски стоицизам, но дека негирањето на таквите емоции може да нанесе многу штета.
Таа е зачудена како голем број упорно продолжуваат да зборуваат невистини за нивниот живот, особено кога станува збор за привилегиите кои тие ги уживаат.
Таа сепак рекла дека на се гледа од поведрата страна.
-Добрата работа е што го имам своето бебе и сопругот, тие се најдобри - рекла Меган.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа