Уште еден голем плус за чоколадото – Лек против кашлица
Професор Алин Морис, шеф на катедрата за кардиоваскуларни болести и болести на системот за дишење при Универзитетот Хул и оснивач на Меѓународното друштво за проучување на кашлицата, тврди дека чоколадото ја ублажува кашлицата и дишните проблеми.
Лекарот додал дека за тоа има и прилично цврсти докази. Пишувајќи за MailOnline, Алин кој поминал години истражувајќи ја кашлицата, вели дека резултатите од неодамнешното истражување за ефектите од лекот кој оди без рецепт а во својата содржина има какао биле подобри од оние на стандардниот сируп против кашлица.
Истражувањето кое е спроведено на 163 лица открило дека пациентите кои земале лек на база на чоколадо ја подобриле својата состојба со кашлицата за само два дена.
Сепак, ова не е прва студија која сугерира дека чоколадото може да ја смири кашлицата.
Истражувачите од Империал Колеџ во Лондон откриле дека теобромин, алкалоидот во какаото, е подобар за сузбивање на нагонот за кашлање отколку кодеинот – состојка која често се користи во лековите против кашлица.
Главно, според професор Алин Морис, сѐ се сведува на „благотворните својства“ на чоколадото – со други зборови, лепливо е, што значи дека формира облога на нервните завршетоци на грлото, потиснувајќи ја потребата за кашлање.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа