Ќерката на познатиот спортист починала во сон, а семејството објави соопштение - „Конечно е мирна и ништо не ја боли“
Некогашниот шампион на Формула 1, Џоди Шектер обелоденил дека неговата 21-годишна ќерка Ила починала минатиот четврток.
Шектер открил дека таа починала во сон, а неофицијалните информации наведуваат дека станува збор за „случајно предозирање“.
Таа била петто од шесте деца на Џоди, а возачот и неговата сопруга Клер издале и соопштениево кое навеле дека семејството е „скршено и разорено“ како и дека Ила само сакала да биде „чиста, здрава и среќна“.
Додале дека се пријавила на терапија за одвикнување од наркотици која требало да почне само ден после нејзината смрт.
„Ја изгуби битката со зависноста обидувајќи се да се ослободи од стравот и анксиозноста кои ја гушеа“, напишале во соопштението.
Тие истакнале и дека пред две години ѝ биле дијагностициран тумор на мозокот, кој агресивно го лекувала, а пред неколку месеци развила и епилепсија.
И нејзиниот брат Хуго се збогувал од Ила, објавувајќи на Инстаграм неколку нејзини фотографии и пишувајќи емотивни пораки.
„Ила неправедно страдаше толку години што една позитивна работа во се е фактот дека сега кончено е мирна и дека повеќе ништо не ја боли. Толку се трудеше да ѝ биде подобро. Ужасно ни недостасува. Почивај во мир и секогаш ќе те сакаме“, напишал брат ѝ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа