Северина осудена за семејно насилство: Судот и одреди казна од 400 евра
Музичката ѕвезда Северина Којиќ е осудена за семејно насилство поради заканите што му ги упатила на нејзиниот поранешен сопруг , Милан Поповиќ.
Општинскиот суд за прекршоци во Загреб донесе пресуда дека Северина е осудена за семејно насилство затоа што му испратила на Поповиќ заканувачка порака на 14 октомври минатата година, нарекувајќи го „манијак и психопат“, а потоа напишала дека е „суштество кое загадува на светско ниво“ , „негативец“, „мизеребн“ , го споредила со Адолф Хитлер и спомнала „силување на затворот“, објави српскиот портал Блиц.
Со овој чин Северина извршила психичко насилство и предизвикала повреда на достоинството и вознемиреност кај Милан Поповиќ.
Причина за заканите од Северина е пораката на Поповиќ, во која тој напишал дека таа требало да го извести дека нивниот син имал закажано лекарски преглед.
„Милан и напиша на Северина дека го однел детето на редовен преглед заради инфекција што ја имал некое време и изјавил дека не бил известен за времето кога малиот Александар имал закажано за преглед.” , наведуваат српските медиуми
Сега Северина треба да ги плати прекршочните трошоци од 3.000 куни во рок од 30 дена.
Во 2018 година, Поповиќ ја пријавил пејачката во Центарот за социјална работа во Загреб за семејно насилство, а неговиот адвокатски тим им ја доставил навредливата содржина од Северина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа