Врањеш јавно и испрати порака на Карлеуша: Повеќе грижи се за своите деца наместо за глупости
Босанскиот фудбалер Врањеш кој се најде во скандал со Карлеуша, беше гостин на емисија на Аваз.ба и прв пат прозборе за секс скандалот.
- „Светот ми го свртеа некои „бабароги“. Се обидоа да ми го уништат светот, но излегов посилен од тоа. Ништо не е вредно за проблемите во животот. Не давам никогаш да удират по моето семејство. Никогаш не очекував толку зло, иако луѓето ќе кажат дека јас прво го нанесов тоа зло. Јас никогаш во животот не сум нанел зло, така ни на тие неважни личности кои глумат криминалци на батерии. Така е популарно, тие луѓе да глумат сила“, вели Врањеш.
Тој испрати порака Карлеуша повеќе да се грижи за своите деца наместо за глупости.
- „Не сакам да им праќам пораки на луѓето, но сега ќе го направам тоа. И порачувам на таа дива повеќе да се грижи за своите деца него за туѓите. Нека не се замара со глупости и нека не нанесува зло. Како што вели таа, на неа и нанесуваат зло, а работата е обратна, често ги провоцира луѓето, ги провоцира туѓите деца и семејства, вели Врањеш.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа