ФОТО: Македонец е кандидат за претседател на Уругвај
На денешните избори во Уругвај имаме и наш, македонски кандидат за претседател на државата. Станува збор за Ернесто Талви, еден од најсериозните кандидати, кој секаде гордо истакнува дека татко му е Македонец од Скопје.
BBC пишува за него дека е економист кој завршил во Чикаго, син на имигранти од Македонија и Куба. Tаткото, роден скопјанец, се викал Мануел Талви и има еврејско потекло.
Кандидиран е од една од најстарите и најуспешни партии во Уругвај, партијата Колорадо. Засега е трет и веројатно нема да влезе во вториот изборен круг.
Денеска во Уругвај се одржуваат претседателски избори.
Во претседателската трка, кандидатите исто така мора да добијат најмалку 50% од гласовите за да избегнат втор круг на изборите на 24 ноември.
На изборите ќе бидат решени и сите места во Претставничкиот дом и во Сенатот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа