Хитот на Северина крие трагична приказна: „Беше млада и преубава но почина"

 

Популарната хрватска пејачка Северина раскажа која трагична приказна се крие зад нејзината песна „Пријателки".

Во текот на гостувањето во емисијата „Премиера викенд специјал", таа раскажа дека таа песна и ја посветила на својата прерано почината пријателка Марица.

- Ја напишав за мојата другарка, требаше сосема поинаку да се вика. Мојата пријателка се викаше Марица и песната првично требаше да се вика „Марице моја пријателке". Тоа беше моја блиска другарка од училипте, но за жал загина, рече Северина.

Пејачката додава дека Марица била преубава со зелени очи, дека сите другари тогаш на училиште и рекле дека мора да напише песна за неа, а таа се премислила за името, за да не создава поголема болка на нејзините родители.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.10.2019 - 08:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега