Ненад се вратил од работа и ги затекнал двете ќерки мртви: Соседите во Австралија раскажаа за несреќата

 

Соседите на Босанецот Ненад Џурашовиќ, кој во петокот  откако се вратил дома ги затекнал своите две ќерки мртви, опишале како се случило се.

Телата на Тијана (6) и Миа (10) ги нашол откако се вратил од работа во својата куќа во Перт, Австралија, едното дете било кај влезот на куќата а другата  во просторијата за перење алишта.

Нивната мајка Милка е уапсена три часа подоцна на паркинг покрај блиската плажа со повреди кои сама на себе си ги нанела.

Соседката, чија ќерка била најдобра другарка со Миа, вели дека Ненад бил во шок.

„Беше бел, не можеше да зборува“ рекла таа.

Други соседи раскажале како бабата и дедото на двете девојчиња лежеле на местото на трагедијата и плачеле од болка.

„Мојата ќерка плачеше, не можеше да заспие. Не знам што а и кажам“ рекла една друга соседка која живее од другата страна на улицата.Соседите велат дека ведднаш повикале полиција откако слушнале чудни звуци од куќата во која ова семејство живее веќе 20 години.

Ненад е инжинер, а Милка болничарка.

Според ннив Милка и Ненад биле затворени и не се дружеле многу. 

Мајката е уапсена и се наоѓа под полициски надзор, а пред суд ќе се појави на 27 ноември. Засега не се знае точно што се случило во куќата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.10.2019 - 13:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега