Тажна вест: Почина досега единствениот министер за спорт во Македонија
Денеска, на 84-годишна возраст, почина првиот и досега единствен министер за спорт во Македонија, Георги Боев, кој беше дел од владиниот кабинет предводен од Љубчо Георгиевски кон крајот на минатиот век.
Боев дипломирал на Високата школа за физичка култура во Белград во 1961 година, а магистрирал на Медицинскиот факултет во Скопје во 1981 година. Во 1990 година докторирал на Факултетот за физичка култура во Скопје (1990). Работел во Средното фискултурно училиште (1962–1965), во Вишата школа за физичка култура (1965– 1978), предавач и редовен професор по гимнастика на Факултетот за физичка култура во Скопје (1978–1999), каде што бил и декан во периодот од 1997 до 1999 година и министер за млади и спорт (1999– 2001).
Погребот ќе се изврши утре во 11 часот на градските гробишта во Охрид.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа