15 години без мајка си: Рада Манојловиќ со емотивна порака
Српската пејачка Рада Манојловиќ имала само 19 години кога останала без својата мајка Мирјана.
Мирјана на која Рада неодоливо потсетува во 2004-та година ја загуби битката со пеколната болест, но не и го сруши најголемиот сон на својата ќерка- да стане пејачка.
-Таа заслужува сите да дознаат колку беше убава и како изгледаше. Мојата убавица, мојот херој, мојот ангел, напиша пејачката минатиот декември кога објави семејна фотографија со мајка и.
Таа исто така и во минатото говорела за тоа како ја поднела болеста на нејзината мајка.
-Моментот кога дознав дека мајка ми боледува до пеколната болест за мене беше најтажен во животот. Молев Бога да оздрави, да и даде сила и верував дека ќе успее да го победи ракот, но за жал Бог сакаше поразлично. Почина во 2004 година, а јас последните мигови бев со неа. Тешко ми е да говорам за тоа бидејќи тоа ми е болна тема и моменти, а тие слики во главата никогаш нема да ги заборавам. Денот кога мама не напушти беше мојот најужасен во животот, додала Рада во една изјава во минатото.
Таа исто така има изјавено и дека нејзината мајка многу сакала таа да успее во кариерата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа