Батлерот на загинатата принцеза Дајана открива: Мајка ѝ ѝ велеше дека е неморлана поради врските со муслимани“
Франсис Шанд Кид, мајката на принцезата Дајана, својата ќерка ја нарекувала неморална и промискуитетна. Тоа го открива Пол Барел, поранешен батлер на мајката на британската принцеза Дајана.
Барел тврди дека Франсис не можела да се помири со фактот дека ќерка ѝ се гледа со муслимани - пакистанскиот доктор Хаснат Кан и Доди Фајед
-Бев во мала остава под главните скали на Кенсингтонската палата каде слушнав гласови од собата на Дајана. Потоа ме повика брзо да дојдам.
Истрчав по скалите и ја затекнав како седи среде соба и разговара на телефон. Ми рече да пријдам поблиску
„Слушај те молам, што ми зборува мајка ми“, рече принцезата.
Мајка ѝ ја нарекуваше промискуитетна и неморална и ѝ велеше дека треба да се срами што се гледа со муслимани. Дајана со смирен глас ја замоли да не зборува така - рекол Барел и додал дека Дајана набрзо после тоа прекинала секаков контакт со мајка си, а недолго после тоа починала во сообраќајна несреќа.
Royal fans blast Princess Diana's ex-aide Paul Burrell after he told documentary that her mother Frances Shand Kydd called her a 'wh***' https://t.co/P4U6nAzrXb
— Daily Mail U.K. (@DailyMailUK) October 29, 2019
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа