ВИДЕО: Славниот актер пијан започнал тепачка пред клуб - прво го нападнал барменот, па менаџерот
Џаред Падалецки, холивудскиот актер кој е познат по улогата во серијата „Ловци на надприродно“, беше уапсен во неделата рано утрината.
Популарниот актер беше уапсен пред клубот „Стереотип“, кој често го посетувал. Според пишувањата на американските медиуми, актерот го очекува соочување со две обвиненија за напад и едно за пијанство.
Очевидците од ливе место раскажале дека Џаред наводно го удрил барменот во лице и дека пријателот го извел надвор за да го смири, но дека Џаред се спротиставил. Се соочил и со менаџерот на клубот кој наводно исто така го удрил во лице. Кога полицијата се обидела да го смири, извадил куп пари и почнал да им мавта со нив пред лице.
Кауцијата која му е одредена е 15.000 долари, но се уште нема потврда од службени извори дека е платена.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа