Изгледа како венчавка од соништата: Прекрасна венчаница, голема торта, а зад сè се крие ужасна судбина
Убава венчаница, прекрасен амбиент, блиски гости...Таа приоѓа до олтарот, оди со ситни чекори додека со велот кој го крие лицето му приоѓа на идниот сопруг.
Сето тоа изгледало како венчавка како оние што ги гледаме во холивудските филмови, цртаните на Дизни или пак ги читаме во најубавите бајки.
Убава венчаница, прекрасен амбиент, блиски гости...Таа приоѓа до олтарот, оди со ситни чекори додека со велот кој го крие лицето му приоѓа на идниот сопруг.
А, потоа следува шок!
Кога младоженецот го крева велот, камерата открива дека невестата всушност е девојче, додека нејзиниот сопруг е возрасен маж...Видеото е дел од кампањата на УНИЦЕФ за укинување на бракови на деца со постари мажи, па со ова, на прв поглед идилично видео, се обиделе да укажат на овој голем проблем.
Имено, Обединетите нации се надеваат дека ќе стават крај на браковите со деца до 2030-та година, но како што сега стојат работите, мали се шансите дека ќе дојде до тоа. Според податоците на УНИЦЕФ, 12 милиони девојчиња секоја година се мажат пред да наполнат 18 години, а 650 милиони девојчиња и жени на светот се омажиле пред да наполнат 18 години.
Нанкали Максуд, функционерка во УНИЦЕФ, изјавила дека доказите наведуваат дека браковите со деца кои уште не наполниле 18 години не се ограничени на одредени групи или културни норми, туку на комбинација од социјално-културни фактори.
„Тие фактори вклучуваат сиромаштија, недостиг на образование и економски можности, социјални очекувања, дискриминација на жени и девојчиња. Во повеќето случаи, девојчињата се сфаќаат како товар за домаќинството, па бракот се гледа како идеално решение за сиромаштијата", рекла таа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа