Прва изјава на Миле Китиќ по претепувањето: Ми побара песна, а јас му реков да почека, па започна хаос
Српскиот пејач Миле Китиќ доживеа голем непријатност минатата недела при настап во еден ноќен клуб.
Имено додека тој пееше, до бината се доближи маж, му шепна нешто а потоа го зграчи за врат и го турна на земја и почна да го мава, но за среќа обезбедувањето делуваше брзо.
Целата ситуација беше снимена со камера и протече во јавноста, а после непријатната случка се огласи и пејачот.
- Пејам веќе 48 години и никогаш во животот ми се нема случено вакво нешто. Веќе имам искуство и кога ќе видам дека е некој ваков или онаков не се ни доближувам.
Пеев во петокот во Базел, ми се доближи гостин и сакаше да нарача песна. Му реков почекај да завршам со песната и после, не можем да прекинувам среде песна. Немше знаци дека е агресивен.
Ме фати за ракав и ме повлече, а бидејќи имаше скали, јас се сопнав и паднав.Веднаш скокна обезбедувањето и го тргна, немаше удари, но излезе таа лоша снимка, а таму изгледа како да ме удира.Ме повлече од бината поради револт, но не забележав дека има некаква намера. Да забележав дека пцуе или има некаква намера да ме повреди веднаш ќе му кажев на обезбедувањето- објаснил Китиќ.
- Беше тука и неговата сопруга, почна да плаче и да кука, ма вистински хаос и телефонот нон стоп ми ѕвони, но се е добро, немаше ни потреба од лекарска помош, си го продолжив и настапо, рекол пејачот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа