Само спојте ги показалците: Тест кој може да открие дали ви се заканува рак на белите дробови
Овој едноставен тест се изведува така што ги спојувате показалците при што ноктите ќе бидат свртени еден кон друг. Кога ќе ги споите, меѓу двата нокта треба да има празен простор.
„Ако тој простор го нема, а вашите нокти се благо заоблени, тоа може да биде знак на многу опасни болести како туберкулоза, сида, хепатитис или рак на белите дробови“, вели Ема Нортон од Интернационалната здравствена компанија „Бупа“.
Состојбата кога некое лице нема слободен простор помеѓу двата нокта при вршење на тестот, Ема Нортон го нарекува „nail clubbing“.
„Clubbing“ е всушност кратенка за: C – цироза, Кронова болест, L – апсцес на белите дробови U – улцерозен колитис B – брахијална артерио-венска фистула B – бронхиектазија, I – инфективен ендокардитис, N – неоплазија G – гравесова болест.
„Повеќето луѓе кои имаат карцином на белите дробови дури и не знаат за тестот, но токму тој може да ве предупреди за можноста од рак на белите дробови. Тестот го користат медицинските експерти како делумен метод за да ја потврдат состојбата, но можете да го направите тоа и сами, затоа што трае само неколку секунди“, вели Ема Нортон.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа