Има 96. години и е најстариот модел на светот - Алис нема конкуренција и младите колешки ја копираат

 

Кариерата како модел трае од тинејџерските денови, па се до средните 30-ти, но современото време носи нови тенденции - манекенките се се постари, и дури и во поодминати години се занимаваат со оваа работа и тоа многу успешно.

Доказ за тоа е и „поплавата“ на седокоси модели во последните неколку години на чело со 71-годишната Маја Муск, но дефинитивно победник во оваа категорија е најстарата азиска манекенка Алис Панг.

Верувале или не, Алис има дури 96 години, а во водите на моделингот влегла пред скоро 3 години и тоа на наговор на внука ѝ.

Оваа дама од Хонг Конг отсекогаш сакала да се облекува добро и да изгледа елегантно, а староста во тоа не ја спречувала, па нејзината внука помислила дека би било идеално Алис да се пријави на оглас на кој се барале менекенки постари од 65 години.

Оваа жена е родена во 1923 година и вели дека немала никаква рутина за убавина, туку дека само имала среќа со гените. Денес нејзинотот необично, отмено држење и специфичниот изглед, невообичаен за нејзините години, ја издвојуваат од масата и ја прават најбаран модел од тој тип во модната индустрија.

„Годините се само бројка. Не ме интересира што другите ќе кажат за начинот на кој се претставувам себеси“, заклучила Панг.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.01.2020 - 11:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега