ФОТО: Ешли Греам го покажа својот син, а потоа се фотографираше гола и ги покажа и стриите
Најпопуларната плус сајз манекенка Ешли Греам неодамна се породи, па на Инстаграм таа покажа како изгледа нејзиниот син.
Имено додека таа пиеше кафе во кафуле во Бруклин, во исто време го доеше и нејзиниот син.
Таа никогаш не го криела своето тело, па и додека беше бремена објави неколку фотографии дека се здебелила и дека има стрии, а сега осле бременоста продолжи и покажа дека бременоста не е само „пеперутки и виножита“ и ги покажа стриите на нејзиниот стомак.
„Истата јас, со неколку нови приказни“ и откри дека не се срами од своето тело.
„Прекрасна карта од добро пропатуван живот“, „Апсолутно воодушевувачки“, „Ти благодарам на оваа фотографија. Поради неа се чувствувам многу подобро, бидејќи и сама имам идентични стрии“, напишаа нејзините следбеници на интернет. Тие често ѝ велат дека ја следат токму заради нејзиината искреност и затоа што не се обидува да се прикаже во совршено светло, туку како обична жена.
Сликата на Ешли има околу 1,3 милиони лајкови и повеќе од 16 илјади коментари за еден ден.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа