ФОТО: Беше идеал за женска убавина, му го помати умот и на Том Круз - денес никој жив не ја препознава
Некогаш била голема ѕвезда, а денес Кели Мекгилис едвај ќе ја препознаете. Актерката (62) се прославила во 1986-та година во хит филмот „Топ Ган“ во кој ја толкуваше улогата на инспекторката Чарли, фатална русокоса кога ја обожуваа сите мажи низ целиот свет.
Кадрава коса, убаво лице и витко тело ја лансираа Кели во ѕвездите, а по тој голем успех кој го поделила со Том Круз отворила и свој бар, работела со наркомани и алкохоличари, ги подучувала младите актери и ги прифатила улогите за неколку нискобуџетни филмови. Том Круз од друга страна добил многу повеќе од Холивуд. За да опстане на врвот тој морал да изгледа многу слично како во 1986-та година кога ја бакнувал Кели пред камерите.

Нивните денешни фотографиИ денес најдобро објаснуваат зошто Кели не била ниту како опција за продолжението на „Топ Ган“, а Том моментално добил улога.
Кели во јавноста ретко се појавува, а и кога го прави тоа многумина едвај ја препознаваат затоа што многу се променила. Годините го направиле своето па Кели престанала да се грижи за својата телесна тежина, а ја скратила и препознатливата руса коса.

Некогаш успешна актерка со години се обидувала да се врати на големите екрани како што изјавила, улогите никој не ги нудел затоа што се опуштила и одбивала да оди на естетски операции.

Кели се омажила двапати, а има и две деца, а во 2010-та година пред светот признала дека е лезбејка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа