„Живеевме во најголема беда“- Зорица Брунслиќ проговори за тешкото детство и откри дека една работа никогаш нема да си ја прости себе си

 

Српската пејачка Зорица Брунслиќ проговорила за своето тешко детство. Нејзиниот татко го напуштил семејството, а мајка и сама се грижела за неа и нејзините тројца браќа, а се присетила и на една постапка која никогаш нема да си ја прости себе си.

- Живеевме во најголема беда бидејќи имавме само една плата. Не постои ништо на што би сакала да се сеќавам на тој период, а да не ми е срам од тоа. Бев најстара и единствено девојче. Моите родители многу рано се разведоа, па мајка ми живееше во Смедерево, а татко ми во Белград, а јас растев опкружена со сиромаштија, но и богатство. Татако ми ме зимаше и ме оставаше по неколку месеци кај неговата пребогата фамилија, само за да и наштети на мајка ми. Кај неговите живеев преубаво, носев убави алишта и јадев најубави јадења, а после некое време мајка ми доаѓаше да ме земе и да ме одведе дома, а јас тогаш најмногу ја мразев, бидејќи ме враќаше во сиромаштија- раскажала Зорица.

Таа вели дека сакала мајка и да ја остави да ужива во богатството со татко и, но денес со солзи во очите се сеќава како нејзината мајка дошла по неа и ѝ донела домашно грозје, а бидејќи таа кај татко и јадела само купено кое било со подобар квалилет, го земала овошјето од мајка си и го фрлила во ѓубре. Денес Зорица вели дека таа постапка никогаш не си ја простила себе си.

- Не ми беше јасно зошто и требав јас кога имаше и други деца, дури подоцна сфатив дека татко ми со тоа што ме зимаше кај него сакал само да и наштети на неа. Сведок бев колку тешка работа работеше во циглана, бидејќи јас и носев ручек кој се состоеше од леб и шише вода. Бидејќи во семејството на татко ми немаше деца, неговите роители беа многу млади и инсистираа да не ги викам баба и дедо, сакаа да ме посвојат, но мама не дозволуваше. Подоцна мајка ми се премажи, според мене тоа го направи за да му покаже на татко ми дека не може да доаѓа кај неа кога ќе посака- рекла Зорица.

Браќата Кариќ во тоа време имале бенд, но барале пејачка, па тогаш Зорица им се приклучила и за месец дена заработила три пати повеќе од месечните приливи на целото семејство, а оттогаш па и ден денес таа се смета за една од најпознатите ѕвезди на српската естрада.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.03.2020 - 10:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега