Поранешна „Мис универзум“ ја изгладнува својата ќерка- луѓето збеснаа кога видоа што и подготвува за ручек

 

Австралијанка Рејчел Финч, некогашна Мис Универзум, стана мета на критики дека не ја храни доволно својата ќерка Вајолет.

Откако сподели фотографија од ручекот на нејзината ќерка заедно со 285.000 фанови на Инстаграм, предизвика жестока дебата во коментари.

„Милам дека таа не и дава доволно храна на Вајолет“ гласел еден од коментарите.

Рејчел потоа рекла дека многу луѓе веќе не ја следат на Инстаграм бидејќи се сложиле дека  таа ја изгладнува својата ќерка.

Таа за ручек и подготвила краставица, морков, грозје, јагоди и крекери.

Рејчел е инаку личен фитнес тренер и „гуру“ за здрав начин на исхрана, па брзо го објасни изборот за ручек на своето дете.

- Им давам храна, им давам цели парчиња овошје и зеленчук во кутијата за ричек. Така ќе оди Вајолет на училиште, на пример со суши и грчка салата. Не можам веќе да набројам колку коментари прочитав дека сум строга и како со начинот на исхрана им го скратувам детството. Ако мајката сака да го нахрани своето дете со 4 парчиња домат преку сирење тогаш може. Тоа не е кратење или искривување на детството, туку се грижам за нив, а може сум научила и од искуство. Сѐ што се пружа на детето, па дури и во текот на бременоста има директен резултат на неговото физичко и ментално здравје, рекла Рејчел.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.03.2020 - 14:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега