Хороскопски знаци кои имаат ниски критериуми при одбирањето партнер
Во страв дека нема да можат да го најдат партнерот кој им одговара некои луѓе ги спуштаат своите критериуми за да имаат поголеми шанси да најдат некој и да мислат оти е подобро да бидат со кој било отколку сами.
Некои хороскопски знаци имаат ниски критериуми, а токму тие ги водат во пропаднати врски и одржување односи со луѓе кои не се добри за нив.
1.Стрелец
Стрелецот кај речиси секоја личност може да најде нешто што му се допаѓа, што е добра особина. Многу сакаат да се забавуваат и се гледаат со многу различни луѓе. Имаат големо срце, но и проблеми со врзувањето. Но што врската ќе почне да личи на нешто сериозно, Стрелецот губи интерес. Со оглед на тоа дека не сакаат срцето да им биде скршено, полесно им е да бидат во врска со луѓе за кои знаат дека нема да се врзат.
2.Риби
Љубовта на Рибите им е многу важна. Тие се прекрасни кога се во врска и кога на луѓето им даваат шанса зашто им е важно и зашто не сакаат да ги повредат. Проблемот со таа несебичност е што Рибите прифаќаат многу помалку од тоа што можат да го имаат и што го заслужуваат. Припадниците на овој знак не бараат премногу, зашто ги спуштаат своите критериуми колку што можат, па завршуваат со оние кои не се вредни за нив, ниту нивната љубов.
3.Овен
Во животот на Овните се случуваат многу работи па немаат ниту време, ниту енергија да ги дискриминираат оние кои сакаат да се забавуваат со нив. Тие сакаат да излегуваат и да се вљубуваат, но како и сите други можат да се чувствуваат осамени. Припадниците на овој знак се импулсивни и можат да му пријдат некому дури и при работа и да прашаат за состанок само затоа што се чувствуваат осамени. Освен тоа, Овновите се нетрпеливи и не сакаат да губат време барајќи ја совршената личност.
4.Водолија
Водолијата е позната по тоа што има широг опсег на луѓе со кои се дружи. Таа многу независна и знае да делува далечно и резервирано. Искажувањето емоции може да предизвика неудобност, па кога влегува во врска најчесто не бараат емотивна поврзаност. Попрво ќе се гледаат со повеќе луѓе без драма отколку да бидат во врска со една личност која бара емотивна поврзаност.
5.Вага
Вагите знаат да бидат површни и толку да се внесат во изгледот на некоја личност, притоа да не обрнат внимание на тоа дали се компатибилни со нив. Тие трошат премногу енергија на погрешки работи, наместо да проверат дали постојат вредности и интереси кои ги делат. Не е реткост Вагата да се забавува со некој само зашто таа е привлечна.
6.Јарец
Овој знак има високи критериуми во врска со својата личност, но е многу пофлексибилен кога станува збор за луѓе со кои се забавува. Некогаш се случува Јарецот да не сака да биде предвилив и да игра на сигурно, па се забавува со некој кој на ниту еден начин не му одговара. Припадниците на овој знак ги ценат традиционалните вредности, но тоа не значи оти не им се случува со некој да бидат исклучиво поради забава, без размислување за тоа дали нивниот однос ќе прерасне во нешто посериозно.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа