Делови од телото на својата девојка ги палел на скара- Злосторство какво светот не памети
19-годишник се предаде на властите во Аргентина и признал дека ја убил својата 24-годишна девојка по расправијата.
Аргентинскиот весник Кларин известува дека Наим Вера и неговата партнерка Бренда Микаела Гордило се вратиле во ненаселен стан, сопственост на неговото семејство во северозападната провинција Катамарка околу 4 часот наутро.
Вера и рекол на полицијата дека тој и Гордило се расправале и ја турнал по скалите. Исплашениот убиец потоа земал ќебе за да го завитка телото и го ставил над скара во обид да го запали.
Официјални лица не кажаа дали Гордило е жива кога Вера го запалил телото, но експертите за судска медицина соопштиле дека таа починала од задушување поради парче ткаенина поставена на устата.
Тие, исто така, пронашлеа дел од кожата на Вера под ноктот на Гордила, тоа е доказ дека таа се борела против убиецот пред да умре, соопшти полицијата.
Обвинителот за државната новинска агенција Телам во Аргентина рекол дека Гордило не е бремена, негирајќи ги првичните извештаи на медиумитњ дека убиецот го распарчил нејзиното тело.
„Тој не го сечел телото, туку го запали и, како резултат на оганот, телото беше распарчено“, рече Костиjа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа