Тажна вест: Почина Агим Рамадани, доктор и поранешен пратеник

 

На 64-годишна возраст денеска почина Агим Рамадани, лекар во тетовската болница и поранешен пратеник од редовите на Демократска партија на Албанците (ДПА). Работел во Одделот за судска медицина и патологија, а бил пратеник во Собранието во периодот од 2006 до 2008 година.

Рамадани завршил Медицински факултет, специјализирал судска медицина и криминалистика, а магистрирал медицински науки. Работел како лекар по општа практика, а потоа и како специјалист во тетовската Клиничка болница. Предавал и на Универзитетот во Тетово.

Погребот е утре во родното Желино,Тетовско по пладневната молитва, информираат од семејството. Рамадани бил семен човек, татко на два сина.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.03.2020 - 15:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега