По трагедијата во Русија: Ќерка ми постојано прашува каде е татко ѝ, а јас немам срце да и кажам
Влијателната руска блогерка Екатерина Диденко се огласи по роденденската трагедија во која животот го загуби нејзиниот сопруг Валентин Диденко.
Валентин починал од труење заедно со уште две лица додека седум биле повредени, сега Екатерина објавила и видео на Инстаграм од нејзината ќерка која цело време плаче и прашува „каде е мојот татко?“, пренесува британски „Сан“.
Екатерина и нејзиниот покоен маж од заедничкиот брак ја имаат ќерката Настја која живее во агонија откако нејзиниот татко починал од труење во бизарна несреќа.
-Веќе не е со нас. Вчера не плачев, денес просто експлодирав. Мислев дека тоа не е вистина и дека е ноќна мора. Настја утрово ме праша каде е тато, не знаев што да и кажам, ме праша зошто плачам, вели во видеото.
За потсетување нејзиниот сопруг и уште еден пат на возраст од 25 години загинаа откако во базен било фрлено 25 килограми сув лед како би се создал драматичен визуелни ефект во базенот и сауната во која биле гостите.
Видеото се појави во саботата на интернет и на неа се гледа како славениците носат импровизирани заштитни одела и очила додека другите се собрани покрај базенот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа