Не ги слушајте: Љубовни совети кои немаат никаква врска со реалноста

 

Пронаоѓањето на сродна душа умее да биде фрустрирачки и депресивно искуство поради што на момент може да се изгуби вербата во љубовта. Во такви моменти, луѓето се во потрага по совети што да прават, но поголемиот дел од нив се погрешни.

Таквите совети воглавно се бескорисни и не треба да ги слушате.

Не можете да ја најдете вистинската љубов на социјалните мрежи

Врежано е мислењето дека на апликациите за запознавање се пријавуваат само чудаци и личности кои се неспретни да најдат партнер во живо. А всушност, многу среќни врски настанле токму по пат на интернетот, а чудаците можете да ги најдете и во живо.

На почетокот бидете совршени

Секако дека сакате веднаш да оставите најдобар впечаток, но нема потреба да се претворите во нешто што не сте. Од почетокот бидете опуштени и онакви какви што сте бидејќи само така ќе знаете дали личноста пред вас е вистинска или не.

Ќе знаете дали некоја личност е за вас во моментот кога ќе ја видите

Некој ќе ви биде згоден штом ќе го погледнете, но дури кога ќе го запознаете ќе знаете дали е вистинскиот човек за вас или не. Сигурно нема тоа да го дознаете кога низ вашето тело ќе помине некоја магична струја кога вашата сродна душа ќе се појави пред вас.

Спротивностите се привлекуваат

Вистина, убаво е кога некој ве надополнува и кога го има тоа што ви недостасува и обратно. Сепак, животните интересирања мораат да ви се поклопуваат зашто без тоа вашата врска нема да води никаде.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.03.2020 - 19:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега