Кои хороскопски знаци се најдобри возачи?
Добриот возач ја става сигурноста пред брзината, има добри рефлекси, снаодлив е и не гледа на патот како на писта. Нему не ми е до натпревар, туку ги почитуваат прописите и другите учесници во сообраќајот. А овие хороскопски знаци влегуваат во подобрите возачи:
Јарец
По тие критериуми најдобар возач е Јарецот. Го заслужува тоа признавање поради трпението, одговорноста и добрата подготвеност за возење. Тргнуваат на време за да избегнат метеж, ги проверуваат условите на патот и не се склони на кршење на законот. Внимателен е со алкохолот и однапред обезбедува возач кој ќе го замени ако предвидува „луда забава“.
Девица
Ако сигурноста и довербата ви се приоритет, Девицата е возачот за вас. Нејзините одлуки се се добро темпирани, внимателни и совесни. Тие прават се како што е пропишано во правилниците и го сведуваат ризикот од несреќи и казни на минимум. Нема изразен натпреварувачки дух и мирно ги пушта другите да го поминат. Понекогаш им приговараат поради бавното возење.
Близнаци
Вешт и флексибилен, имаат брзи рефлекси и добро се прилагодуваат на промените на условите за возење. Во момент пронаоѓаат алтернативни патишта ако главниот е затворен. Не му е тешко да ги прекрши прописите, но тоа го прави лукаво и неприметно за властите.
Бик
Внимателен и помалку воздржан, Бикот е одличен возач под услов некој да не го предизвикува зашто тогаш почнува да дивее. Приоритет му е да го сочува здравјето на моторот и да избегне одење по сервиси. Ако почувствува ризик од штета, максимално ќе забави и дури ќе го кочи сообраќајот. Брзината не му е непозната, но само ако прописите и условите го дозволуваат тоа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа