Родители внимавајте: Децата кои имаат посреќно детство се поуспешни во животот
Тие кои биле задоволни со во детството, поради помалку трауми кои ги поминале најчесто се весели личности кои создаваат повеќе контакти и поради тоа напредуваат.
Ако често ги навредувате децата, амбициозно ги турката и со тоа предизвикувате непотребни трауми, застанете и размислете во какви услови растат. Истражување покажува дека луѓето кои имале посреќно детство иво иднината земаат повисока плата, работат поплатени работни места и имаат поуспешни кариери.
Објаснувањето гласи: тие кои се задоволни со својот живот, поради помалкуте трауми низ кои поминале, најчесто се ведри и весели личности, кои повеќе излегуваат, се отворени и создаваат повеќе познанства и поради тоа напредуваат.
Тие личности се и пообразувани, покажува студијата на Економскиот факултет во Лондон спроведено на 15.000 луѓе во САД.
-Среќата и чувството на сигурност во детството е клуч за успехот, вели коавторот на студијата Жан-Емануел д Нев.
На родителите им апелира да создадат емоционално здраво семејно опкружување таму каде што можат да влијаат зашто студијата покажува и оти постојат низа фактори на кои не можат, како што е на пример односот со браќата и сестрите.
Студијата исто така го зема предвид образованието, физичкото здравје, генетските предиспозиции, самопочитта и моменталната среќа на испитаниците.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа