Турците ги пренесуваат мигрантите за 15 долари по човек – криумчар открива зошто морале да ги спуштат цените
Ситуацијата со мигрантите на турско-грчката граница и понатаму е алармантна поради конфликтот на бегалците со полицијата недалеку од пограничното грчко село Кастаниеса.
Грчката полиција бранот на мигранти – кој според некои е во должина на копнената грчко-турска граница, чија должина е 200 километри, ги запира со солзавец.
Откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги отвори границите за мигрантите, турските криумчари поради големиот бран биле принудени да ги спуштат цените на бегалците на територијата на ЕУ.
Тие сега наплаќаат околу 15 долари “по глава“ за пренесување на мигрантите до грчката граница и ги упатуваат на места до кои што можат да стигнат до ЕУ.
Претходно мигрантите плаќале многу повеќе за да започнат нивни подобар живот
„Претходно наплаќавме 200 или 300 долари по човек, но сега поради големиот бран на мигранти цената опаѓа. Префрлувањето до грчката граница чини 15 долари по човек“ – изјавил некој криумчар.
Ердоган ја уценува ЕУ
Со денови на копнената граница траат конфликтите и хаосот поради големиот број на мигранти кои се обидуваат да влезат во Грција. Владата на премиерот Кирјакос Мицотакис ситуацијата ја нарекла како директна закана за националната безбедност и вовела итни мерки за брзо спроведување на депортација и замрзнување на поднесувањата на барања за азил во времетраење од еден месец.
Турскиот претседател продолжува да ја уценува ЕУ, велејќи дека Унијата треба да ја поддржи турската иницијатива за решавање на конфликтот со Сирија доколку сака да ја заврши оваа мигрантска криза.
„Доколку европските земји сакаат да го решат проблемот тогаш треба да ни дадат поддршка во политичките и хуманитарни решенија со Сирија“ – вели тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа