Берлускони со љубовницата побегна од Италија

 

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони побегна од Италија, објавија италијанските медиуми.

83-годишниот италијански политичар го напушти својот дом во Милано уште во петокот.

Отсуството на Берлускони е забележано кога тој не се појави на прес – конференцијата на десничарската партија Форца Италија, каде на неговото место се појави поранешниот претседател на Европскиот Парламент Антонио Тајани.

Италијанските весници потврдија дека поранешниот претседател на италијанската влада е на 35 километри од Ница, поточно во дворецот во Валбон, сопственост на неговата ќерка Марина Берлускони.

Во дворецот кој датира од 19 век, Берлускони е заедно со својата нова девојка, 30-годишната Марта Фачина.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.03.2020 - 13:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега