Техника за дишење може да им го спаси животот на заболените од коронавирус: Англиски лекар објаснува како да ги спасите белите дробови
Посебна техника за дишење може да им го спаси животот на луѓето кои имаат коронавирус, а неа со снимка што се шири на социјалните мрежи ја прикажа англиски лекар.
Доктор Сарфаз, кој работи во Кралската болница во Ромфорд, дел од источен Лондон ја покажа оваа теника заедно со својата колешка, шефицата на медицинските сестри Сју Елиот.
Мунши објасува дека оваа техника се применува на пациенти кои се на интензивна нега, но може да помогне и на оние со поблаги симптоми, па дури и како превенција за луѓето кои не се заразени.
Англискиот лекар објасни дека на овој начин се внесува повеќе кислород во длабоките делови на белите дробови, со што се спречува нивно оштетување и компликации опасни по живот.
Ова видео го сподели и познатата англиска писателка Џеј Кеј Роулинг, авторка на „Хари Потер“, која наведе дека оваа техника многу и помогнала да се опорави од коронавирусот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа